Министерството за економија со помош на ИПА средства во вкупен износ од 1.674.000 евра ќе го реформира секторот за енергетика со цел привлекување на инвестиции, најави во четвртокот во своето обраќање по повод почетокот на ИПА проектот „Зајакнување на административните капацитети на Секторот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика", министерот Ваљон Сараќини. Со договорот кој беше потпишан на 28-ми јуни годинава, кој ќе се реализира во период од две години, министерството за економија ќе добие техничка помош од АТC Consultants GmBH од Австрија, кој е во конзорциум со Energy Institute Hrvoje Pozar од Хрватска, Norsk Energi од Норвешка, Centre for Renewable Energy Sources and Savings од Грција и European Profiles S.A, исто така, од Грција, за да ги реализира четирите компоненти од проектот, од кои првата и последната компонента се директно поврзани со подобрување на институционалниот капацитет и функционалноста на секторот за енергетика, односно Агенцијата за енергетика, и тоа токму во политиките на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, а останатите две компоненти имаат пошироки цели.
Министерството за економија со помош на ИПА средства во вкупен износ од 1.674.000 евра ќе го реформира секторот за енергетика со цел привлекување на инвестиции, најави во четвртокот во своето обраќање по повод почетокот на ИПА проектот „Зајакнување на административните капацитети на Секторот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика", министерот Ваљон Сараќини.
Со договорот кој беше потпишан на 28-ми јуни годинава, кој ќе се реализира во период од две години, министерството за економија ќе добие техничка помош од АТC Consultants GmBH од Австрија, кој е во конзорциум со Energy Institute Hrvoje Pozar од Хрватска, Norsk Energi од Норвешка, Centre for Renewable Energy Sources and Savings од Грција и European Profiles S.A, исто така, од Грција, за да ги реализира четирите компоненти од проектот, од кои првата и последната компонента се директно поврзани со подобрување на институционалниот капацитет и функционалноста на секторот за енергетика, односно Агенцијата за енергетика, и тоа токму во политиките на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, а останатите две компоненти имаат пошироки цели.
„Со реализацијата на овој ИПА проект, вреден 1.674.000 евра, ќе се обезбеди стабилна правна и регулаторна рамка со која ќе се привлечат инвестиции во енергетскиот сектор и ќе се придонесе за економски развој и социјална стабилност на земјата", истакна Сараќини.
Појасни дека втората компонента ќе значи зголемување на степенот на усогласувањето со ЕУ законодавството, опфатено со Договорот за основање на Енергетската Заедница и законодавството на ЕУ, а со третата ќе се овозможи развој на клучни стратешки документи кои се значајни за натамошното подобрување на енергетскиот сектор.
„Со реализација овие четири компоненти ќе се овозможи создавање поконкурентен пазар на енергија и негова интеграција во регионалниот и европскиот пазар на енергија", додаде Сараќини.
Гордана М. Јуруковска, претставник на АТC Consultants од Австрија, воедно и директор на проектот истакна дека започнува многу значаен проект, кој се спроведува во многу земји, со кој ќе се подобри состојбата во секторот за енергетика во Министерството за економија и во Агенцијата за енергетика.
„Консултантите кои со внимание се избрани, напорно ќе работат на овој Проект за да ги пренесат своите знаења и тоа ќе го започнеме уште денеска", рече Јуруковска.
„Република Македонија се приклучи на енергетската заедница во 2006 година и се обврза да ги исполни амбициозните барања во поглед на усогласување на домашното законодавство со она на Европската унија, како и да ги зајакне капацитетите во секторот за енергетика", потенцираше Елизабета Ѓорѓиева, претставник на делегацијата на ЕУ во Македонија, додавајќи дека Европската унија и натаму ќе биде посветен партнер на Република Македонија, со цел развој на енергетскиот сектор преку различни инструменти на финансирање.